Коалиција ВЛЕН: Во идната влада ние сме гаранцијата за уставните измени

Африм Гаши, лидерот на Алтернатива која е дел од Коалицијата ВЛЕН испрати порака до граѓаните и поддржувачите дека сè се одвива според планот на партиските штабови и дека победата, како што вели, веќе се гледа на хоризонт.

„Ние точно знаеме што правиме и што треба да направиме до 8 мај. Така, како што докажавме на 24 април, дека Албанците се ЗА коалицијата ВЛЕН, тоа на 8 мај ќе се претвори во референдум, кој на коалицијата ВЛЕН ќе ù донесе албанска плебисцитарна победа.

„Како единствени натпреварувачи во албанскиот политички кампус и, се разбира, победници на овој блок, ние сме и единствени и легитимни претставници на Албанците на овие избори. Следствено, ова нè обврзува да ги претставуваме Албанците и во идната влада, каде што, меѓу другото, ќе раководиме со важни институции од секторот за внатрешни работи, кои се одговорни за санкционирање на криминалот и корупцијата, за да се бориме силно и директно против повеќеслојниот и долгогодишниот криминал и корупција.

Advertisements

Додека сме овде, морам да Ве повикам да бидете спокојни дека е само пропаганда тоа дека некој ќе ги блокира уставните измени и евроинтеграцискиот пат. Албанската коалиција ВЛЕН е гаранција во идната Влада дека уставните измени ќе се усвојат и за ова ќе имаме посебна рамка за мерките и роковите за спроведување на оваа обврска. Секако, нашето инсистирање е тие да се усвојат што е можно побрзо и преговорите за пристапување во ЕУ да започнат што поскоро“, вели Гаши.

Од коалицијата ВЛЕН велат дека се доследни на ставот дека треба да се отвори широка дебата со цел при усвојување на идните уставни измени, да се донесе и одредба според која претседателот на државата ќе се избира во републичкото собрание, со што е можно поширок политички консензус, но и со поголема, како што велат, етничка кохезија преку двојното мнозинство.

„Мојот последен апел е да работите со голема трудољубивост, посветеност и грижа, со цел победата на 8 мај да биде што повеличествена. Убедени дека сето тоа вреди да се направи“, порача Гаши.