За изјавата на обвинителката Ленче Ристоска дека Советот на јавни обвинители е извор на тргување со влијание, дадена на конференција пред два дена, Советот на јавни обвинители одлучи да се обрати до Етичкиот совет на јавните обвинители за да одлучи дали таа треба да одговара за јавно искажаните критики, пишува порталот СДК.
„Ние не отвораме дисциплински постапки. Ние само се обраќаме до Етичкиот совет, па тој нека каже дали обвинителката Ленче Ристоска го прекршила Етичкиот кодекс на обвинителите. И од тоа ќе се знаат идните чекори“, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК претседателот на Советот на јавни обвинители Антонио Јолевски.
Но, на денешната седница на Советот, обвинителката Ристоска, како и нејзиниот колега Љубомир Лапе биле предмет на расправа и за друга тема, која исто така го става во опасност нивното функционирање како обвинители.
Целиот текст на СДК може да го прочитате тука.