Повеќе од два месеца Јавното обвинителство молчи и не отвора истрага зошто пациентите не ја добивале соодветната терапија, зошто не работел КАТО системот на клиниката за Онкологија и кој се заработувал на грбот на болните граѓани од канцер, реагира ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение.
„Низа информации кои излегоа од граѓани кои биле директно засегнати, информации од медиумите дека се набавувала терапија од омилената веледрогерија, без протоколи и евиденција, информации дека терапијата за болните од канцер завршувала ма црниот шазар, како и не користење на КАТО системот само укажуваат дека случајот Диво месо бил планиран и свесно разработена машинерија за богатење и тоа на грбот на најболните, истакнуваа од најголемата опозициска партија.
Според ВМРО-ДПМНЕ, „со ваквиот однос од страна на ЈО се поочигледно е дека сакаат да се прикријат вистинските виновници и се фрла дамка и на оние здравствени работници кои професионално си ја вршат својата работа“.
-Мора да се стави крај на канцер мафијата. Мора секој што се огрешил пред законот да одговара, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
На 2 септември Обвинителството отвори предистражна постапка за Клиниката за онкологија, а беше извршен претрес во Клиниката и на уште две локации во приватни станови во Скопје, од каде информираа дека се одземени компјутери, компјутерски податоци и друга документација кои ќе бидат предмет на анализа и вештачење.
Од тогаш од Обвинителството постојано велат дека активно се работи на случајот и тврдат дека разрешница и евентуална одговорност за овој случај ќе има.