KOНЕЧНО УБАВА ВЕСТ: Попуст од 2 денари по литар дизел и бензини на сите бензиски пумпи на Окта

ОКТА, убедливо најголемиот увозник и складиштар на дизел во земјата, денес објави дека, поради вонредната ситуација, дава попуст од 2 денари по литар за продавачите на горива до крајни потрошувачи. Попустот ќе важи и за дизелот и за бензинот и ќе трае до крајот на март.

– Овој дисконт од 2 денари важи за сите продавачи трговци на големо и мало што купуваат од ОКТА, рече Димитриос Пасхос, извршниот директор на ОКТА АД Скопје.

Овој попуст следува најмногу поради тоа што сега ОКТА има помали трошоци со пуштањето на продуктоводот Скопје – Солун во функција.

Advertisements

Министерката за енергетика Сања Божиновска на ова додаде дека трговците кои купуваат од складиштата на ОКТА ќе покажат добра воља и дека посредно и тие ќе ги намалат своите цени за 2 денари.

– Се надевам дека тоа што ќе го добијат како попуст од ОКТА ќе го инкорпорираат во цените, изјави министерката.

Меѓутоа, од понеделникот Регулаторната комисија за енергетика веќе ги соопшти максималните цени, со кои дизелот поскапе за 14,5 денари по литар.

Знаејќи ја ситуацијата дека трговците кои имаат сопствени мрежи на бензински станици се водат од максималната цена, ситуацијата не ги задолжува да го следат попустот од ОКТА.