КОРУПЦИЈАТА ДО ПЛАФОН – Таткото Џафери се фали дека е прв меѓу еднаквите, а син му положил правосуден пред да го заврши факултетот?!

Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска во вечерашното гостување во „Топ тема“ истакна дека синот на собранискиот претседател Талат Џафери кој сега е на листата за обвинители положил правосуден испит без завршен факултет, но дека нема механизми како ваквите случаи да се санкционираат.

Ивановска вели дек ја запреле постапката за конкретниот случај отворен за Барлет Џафери.

„Ние утврдивме тоа што утврдивме го обелоденивме случајотр во јавноста дека неговиот правосуден испит му е дозволено да го полага пред да ги има добиено тие 300 кредити, односно пред да има магистрирано, значи тука е проблемот. Имало злоупотреби во случајот, меѓутоа сето тоа се случува пред 8 години и се третира како веќе застарен и нема против кого да поднесеме било што, рече Ивановска.

Advertisements

Таа додаде и дека документите поднесени во Министерството за правда не се чуваат повеќе од една година и не постојат алатки како да се казнат ваквите случаи.

„Проблемот го лоциравме ние кај Универзитетот, како давал степен на образование седум кроз еден за 180 кредити, и кој му дозволил понатаму да полага правосуден испит без да ги има 300 кредити. Нема алатки како да ставиме некоја казна, но иако е запрена постапката тоа ни отвара врата да видиме понатаму дали е Барлет изолиран случај или не. Тој Универзитет во период од 4 години има 400 такви уверенија издадено, понатамошна анализа ќе оди да видиме дали има и други такви факултети и да се извршат вонредни инспекциски надзор“, изјави Ивановска.