Корупцијата е вистинска катастрофа за оваа земја – амбасадорката Анџела Агелер во интервју за Сител

Корупцијата е очигледно најголем предизвик за Македонија, моето мислење е рефлексија на тоа што го слушаме од луѓето, изјави американската амбасадорка Анџела Агелер во интервју за Сител. 

– Особено откако земјата се движи кон ЕУ, како што се движи кон полноправна членка на европското семејство за да ги спроведе тие реформи и да се отвори за инвестиции какви што јас мислам дека треба да има, да се отвори за странски туризам, за целосна интеграција во европската заедница, јас верувак дека тоа ќе бара сериозно адресирање проблемот со корупцијата, рече амбасадорката на САД. 

Според Агелер, корупција не е само поткуп, туку се јавува во многу форми.

Advertisements

– Како што патувам низ земјава и зборувам со обичните луѓе, тие зборуваат за корупција секогаш кога треба да посетат лекар, секогаш кога бараат работа, секогаш кога детето им аплицира за одредено училиште. Искрено, корупцијата доведе до она што јас мислам дека е вистинска катастрофа за оваа земја и затоа толку многу млади луѓе не сакаат да останат тука. Што толку млади Македонци од било која заедница ја бараат првата прилика која можат за да обезбедат работа или живот во друга земја. И тоа е огромна загуба, рече Агелер.

Амбасадорката вели дека се уште е збунета од изборот на новиот шеф на  бвинителството за гонење организиран криминал и корупција и дека има многу работи кои се оставени без одговор.

– Јас веќе кажав и мојата изјава дека го гледам како збунувачки останува на сила. Го гледав како збунувачки кога се случи и се уште го гледам така. Мојата збунетост се рефлектира и во она што го кажавте дека 8 проценти од граѓаните имаат доверба во процесот. Јас не знам што точно се случи, не си дозволувам да прејудицирам како течел процесот, но отвора љубопитност, изјави амбасадорката во интервју за Сител.