Премиерот Димитар Ковачевски го достави до Собранието предлогот за реконструкција на Владата, соопштија од владината прес-служба.
Премиерот Ковачевски предлага нови кадровски решенија за четири министерски позиции и пет заменици министри.
За министер кој ќе раководи со Министерството за правда, предложен е Кренар Лога, со Министерството за здравство, Фатмир Меџити, со Министерството за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, а предлогот за министер во Министерството за животна средина и просторно планирање е Каја Шукова.
Предложени се заменици министри во Министерството за одбрана и Тирон Јајага, во Министерството за правда – Викторија Аврамовска-Мадиќ, во Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство – Вјолца Бериша, во Министерството за здравство – Маја Манолева, а во Министерството за образование и наука – Агим Нихиу.