Ковачевски во режимот на Груевски уживаше во „Телеком“, немаше време за СДСМ кога беше најтешко – Максим Димитриевски за Фокус

Ковачевски, во режимот на Груевски беше на менаџерската позиција во македонски „Телеком“ и уживаше во благодатите на таа позиција и во друштвото на многу тогашни функционери од власта блиски до ВМРО ДПМНЕ. Тогаш тој немаше време за политички ангажман во СДСМ, кога беше најтешко, вели Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово во интервју за Фокус.

На прашање на Фокус дали добил понуда да се вратите во партијата, откако Ковачевски дојде на лидерското место, Димитриевски одговори дека немал конкретна понуда за враќање на СДСМ директно од Ковачевски, а и да ја има, не би ја прифатил.

„Но, има голем број луѓе блиски до раководството, па и до Ковачевски кои во својство на емисари нудат различни предлози за кои не сум заинтересиран. Јас немам намера да ги разочарам граѓаните и да бидам само една нова реприза во практиките на должничко-доверителските односи во политиката и никогаш, ама никогаш нема да ги разочарам тие што гласаа за мене како независен кандидат“, вели градоначалникот на Куманово.

Advertisements