Ковачки: Наместо да го отстранат од седница Маричиќ продолжи да праќа „швалерски“ сигнали

На денешната седница, на процедурална забелешка од нашата Дафина Стојановска, имаше класичен сексизам од страна на вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, обвини на социјалните мрежи пратеникот Драган Ковачки.

„Наместо да биде отстранет од седница, истиот продолжи да дофрла од место и да праќа недолични „швалерски” сигнали со раце. Ова е ДНО! Не смее ниту Маричич ниту бил кој друг својот тестостерон да го искажува во домот на граѓаните. За своите фрустрации е потребно да побара стручна помош. Брука!!!“, вели Ковачки.

Како што објавивме претходно, Стојановска го обвини вицепремиерот Бојан Маричиќ дека на седницата и испратил бакнежи и ѝ намигнувал.

Advertisements

Стојановска од вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ побара да излезе на говорница и да го каже тоа што го зборува зад микрофон.

– Како не ви е срам, нека ве снимат камери, вицепремиер за европски прашања, ужас сте. Нека ве сликаат како праќате бакнежи, лигав еден, како не ви е срам, мене ќе ми праќате бакнежи. Јас ова не го дозволувам. Ужас, ужас, ова е скандал од невидени размери. Вака може да се однесувате само дома, бакнежи и намигнување само дома вицепремиеру. Срам и резил сте и вие министерке Тренчевска, партински митинзи тука одржувате – рече Стојановска.