Крсто Муковски си ги троши милионите како „ненасилен – Јанаки Митровски

Aдвокатот Јанаки Митровски по одлуката на Собранието да не го прифати предложеното решение за амнестија на осудените за 27 април, реагира дека е сторена најголема неправда.

„Предлог-законот за амнестија на осудените со гласање 41 „за“,„ 58“ против и 1 воздржан за жал не помина и тука завршува постапката. Се немаше сенс и се остана на лицемерен став, иако веќе еднаш се гласаше за амнестија на дел од овие луѓе, но останативе очигледно немаат употребна вредност. Селективна амнестија е селективна правда, а тоа е најголемата неправда. Крсто Муковски си ги троши милионите како „ненасилен”!!!!“, вели Митровски.

Како што објавивме претходно, во Собранието попладнево не беше прифатено по скратена постапка да се донесе Предлог-закон за амнестија на лицата осудени за настаните во Собранието на 27 април 2017, поднесен од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, на иницијатива на адвокатите Јанаки Митревски и Драган Пешевски.Предлогот го поддржаа 40 пратеници, 58 беа против.