Шеесет и деветгодишниот В.Г. од Гевгелија се сомничи дека вечерва ги убил својот брат Л.Г. (71) и снаата Т.Г. (62).
Според СВР Струмица вечерва околу 19 часот полициски службеници го лишиле од слобода В.Г. кој околу 18:50 часот пред влез од куќа во Гевгелија со пиштол пукал кон неговиот брат и снаа, кои починале на местото на настанот.
Смртта кај сопружниците ја констатирал лекар од Итна медицинска помош од Гевгелија, а лицето е задржано во полициската станица во Гевгелија и од него било одземено оружјето со кое го извршил убиството.
Advertisements
Увид на местото на убиството извршил јавен обвинител и увидна екипа од гевгелиската полиција.
ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ
Македонскиот јазик и говорот на омраза - науката е најсилното оружје против политичката аг...
Детската клиника казнета со 5.200 евра - специјализанти прегледувале пациенти, наместо деж...
„ДПМНЕ и ЗНАМ станаа измеќари на ВРЕДИ“ - Левица бара расправа за Законот за бранителите в...
„15 луѓе не загинаа по своја вина, туку затоа што некој не си ја завршил работата“ - Вучиќ...
„Tреба да трчаме трка со 110 метри со пречки, а ЕУ да си го исполни зборот“ - Мицкоски за ...