Кузеска: Антикорупциска да ја повлече одлуката за директорот на АНБ, скандалозна е!

СДСМ бара повлекување на скандалозна одлуката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во врска со директорот на АНБ, Бојан Христовски и неговата диплома. Фактите кои што ги објавија медиумите и се достапни за целата јавност се загрижувачки и отвораат низа прашања за основите врз кои е донесена одлуката, дури и за можен конфликт на интерес во самата ДКСК, вели портпаролката Богданка Кузеска.

„Ова мора да биде целосно расчистено затоа што е удар не само врз угледот на ДКСК туку е дамка и за нејзината работа.

Анонимната претставка во која беше оспорена факултетската диплома на Бојан Христовски, издадена од еден Универзитет во Скопје ДКСК ја отрфли повикувајќи се на анализа на Државниот просветен инспекторат.
Оваа диплома, која самиот Христовски ја пријавил, предизвика основани сомнежи поради експресното завршување на студиите за само 1 година. Замислете, наместо 4 за една успеал.

Advertisements

Вчера, една национална телевизија објави информација за конфликт на интерес во самата ДКСК. Членка на ДКСК, која беше задолжена за овој случај и ја реферираше одлуката дека „сè е во ред“ со дипломата на Христовски, истовремено е предавач на истиот универзитет од каде што е издадена спорната диплома.

Овие информации беа јавно достапни и на интеренет страната на Универзитетот и на страната на Државната комисија за спречување на корупција.

Но по објавата на прилозите во медиумите, Универзитетот за туризам и менаџмент ја “избриша” Цвета Ристовска од наставен на интернет страницата.

Оваа ситуација ја загрозува веродостојноста на одлуките на ДКСК и ги поткопува во целост.

Во Етичкиот кодекс на Антикорупциската комисија е наведено дека членот треба да се откаже од одлучување во предмети кои се поврзани со судир на интереси. (член 9).

Едноставно, е неприфатливо вакви нерегуларности да бидат премолчени или оправдани.

СДСМ бара итно:

1. Повлекување и преиспитување на одлуката од страна на ДКСК за случајот со дипломата на директорот на АНБ.

2. Расчистување на прашањето за конфликт на интереси во редовите на ДКСК.

3. Преуспитување на анализата направена од Државниот просветен инспекторат.

Мора да се обезбеди транспарентност и одговорност во процесот, со цел граѓаните да добијат јасни одговори и да имаат доверба“, вели Кузеска.