Лавров: Македонија со години имаше понижувачко име, знаеме што се случи со Северна, Западот ги подбуцнува народите на Балканот

Не сум голем експерт за македонско-бугарските односи, можам само да кажам дека луѓето во Македонија имаат целосно право да бидат еднакви во сите активности на нашиот заеднички континент, рече министерот за надворечни работи Сергеј Лавров на денешната прес конференција во Скопје, а во рамки на самитот на ОБСЕ.

„И не само за односите меѓу Бугарија и Македонија, туку за сите балкански земји, би рекол дека коренот на сите балкански проблеми лежи во однесувањето на западните сили, особено за државите од поранешните југословенски држави. Се сеќавам дека со години Македонија беше нарекувана Поранешна југословенска Република Македонија и ова беше понижувачко име, а знаеме и што се случи со името Северна Македонија. Се сеќавам и дека претседал на македонското Собрание имаше фотографии со албанско знаме, направени во канцеларијата во Парламентот, рече Лавров.

Според него Западот отсекогаш имал интерес да ги подбуцнува народите едни против други.

Advertisements

-Уверен сум дека народите на Балканскиот полусторов минаа тешки историски премрежја, имаат заедники код и не смеат да бидат поразени и да му дзволат на Западот да станат непријатели едни со други, рече Лавров.

Тој рече дека ги охрабрува етничките групи на Балканот да живеат мирно и да ги  сузбијат сите националистички амбиции. Ги повика и да не се приклучуваат кон санкциите кон Русија, само, како што рече, за да исполнат одредени западни амбиции