Лекарите не успеаја да му го спасат животот – почина киднапираното момче од Ченто

Почина 24-годишното момче кое во четвртокот било киднапирано во скопската населба Ченто и принудено да се самозапали. Телото е предадено на семејството, јави Скопје 1.

МВР пред неколку дена информираше дека на 04.07.2024 во 00.37 часот во СВР Скопје од страна на Бригадата за противпожарна заштита било пријавено дека настанал пожар во индустриска зона Ќојлија.

Малку подоцна од страна на полициски службеници од ГП Меѓународен аеродром Скопје било пријавено дека во нивниот објект со повреди од изгореници дошол Б.А.(24) од Скопје, кој кажал дека од неколку лица бил насилно пренесен со возило од населбата Ченто до Ќојлија.

Advertisements