Лекарка од охридската болница направила абортус на една пациентка, а го завела како да ѝ го извршила на друга пациентка, која воопшто не ни била бремена, јави ТВ Алсат.
Полицијата го потврди овој скандалозен случај и поднесе кривична пријава.
„СВР Охрид поднесе кривична пријава против О.Ф.(60) од Охрид поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување или уништување деловни книги“. Лицето, на 15.12.2022, во својство на доктор на едно одделение во општата болница во Охрид, извршило лекарска интервенција врз едно лице, по што интервенцијата ја завела со лични податоци од друго лице, а потоа со фалсификување на потписот од раководителот на одделението ја заверила интервенцијата“, пишува во полицискиот билтен.
ТВ„Алсат“, објави дека настанот се случил во декември лани, но дека истрагата сѐ уште е во тек, бидејки жената била недостапна за обвинителството.
„Кривичната пријава е примена и оформен е предмет во Основното јавно обвинителство Охрид, кое постапува и презема дејствија за испитување на настанот“, велат од ЈО за „Алсат“.
.