Амар Мециновиќ, носител на листа на Левица во „двојката“ во гостување во „Стадион“ на Канал 77 порача да се почитува волјата на народот во однос на уставните измени подавајќи ѝ рака на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат против измените.
,,На Мицкоски му честитаа Таравари и Касами за резултатите од првиот круг и порачаа дека заедно ќе ги донесат уставните измени. Еве ние честитаме и повикуваме да НЕ ги донесеме уставните измени – затоа што тоа е волјата на народот. Ние во претходниот мандат бевме најголеми непријатели на владеењето на СДС и ДУИ, како преку примерите со спикерот Џафери така и со формирањето на новото мнозинство за да се турне Заев. А, сега да се фокусираме на проблемите на граѓаните за кои нашата програма има најдобри решенија”, порача Мециновиќ.
Претходно, од големиот народен митинг во Охрид, од каде што традиционално ВМРО-ДПМНЕ ја почнува кампањата за изборите лидерот Христијан Мицкоски повика на национално обединување и обзнани мораториум на нападите против Левица и ЗНАМ.
Фото: Канал 77
ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ
Македонскиот јазик и говорот на омраза - науката е најсилното оружје против политичката аг...
Детската клиника казнета со 5.200 евра - специјализанти прегледувале пациенти, наместо деж...
„ДПМНЕ и ЗНАМ станаа измеќари на ВРЕДИ“ - Левица бара расправа за Законот за бранителите в...
„15 луѓе не загинаа по своја вина, туку затоа што некој не си ја завршил работата“ - Вучиќ...
„Tреба да трчаме трка со 110 метри со пречки, а ЕУ да си го исполни зборот“ - Мицкоски за ...