Новиот претседател на Собранието на Република Македонија избран со гласовите од пратениците на ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН – Африм Гаши, одби амандман од пратеник на Левица со образложение дека е неуреден, затоа што во него не пишува „Северна“. Амандманот се однесуваше на измените во ЗОРОДУ, поднесени од страна на Христијан Мицкоски, информира Левица.
„Претходно постоеше пракса во која пратениците на Левица заедно со пратениците на ДПМНЕ при поднесувањето на амандмани го избегнуваа наметнатото име „северна“, сè додека, тогашниот спикер – Џафери не почна противделовнички да ги фрла амандманите во корпа. Тогаш ДПМНЕ најави дека од позиција на власт, документите во Собранието ќе бидат прифатени со името Република Македонија, но тоа не се случи.
Потсетуваме дека Левица понуди бланко поддршка на ДПМНЕ при изборот на собраниски спикер, токму поради вакви причини, каде ќе можат да се заштитат интересите на Македонија! ДПМНЕ ја одби можноста со гласовите од Левица да избере собраниски спикер кој во собраниските процедури ќе го почитува името на државата и одлучи т.н. „Тиранска платформа“ да ја замени со ,,Косовска платформа“ и продолжување на процесот за севернизација на Македонија, избирајќи спикер којшто има балистички убедувања“, вели Левица.
ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ
Македонскиот јазик и говорот на омраза - науката е најсилното оружје против политичката аг...
Детската клиника казнета со 5.200 евра - специјализанти прегледувале пациенти, наместо деж...
„ДПМНЕ и ЗНАМ станаа измеќари на ВРЕДИ“ - Левица бара расправа за Законот за бранителите в...
„15 луѓе не загинаа по своја вина, туку затоа што некој не си ја завршил работата“ - Вучиќ...
„Tреба да трчаме трка со 110 метри со пречки, а ЕУ да си го исполни зборот“ - Мицкоски за ...