Левица објави дека професорката Билјана Ванковска ги собрала потребните 10.000 потписи за да се вклучи во изборите за претседателка на државата.
„Левица има претседателски кандидат! Професорката Билјана Ванковска ќе биде претседателка на Република Македонија!
Ви благодариме за поддршката од над 10 000 потписи, за оваа наша заедничка борба, објави Левица на нивната фејбук страница.
„Ќе се разликувам од сите кандидати како блок, во сите оние надлежности кои се предвидени за претседателот. Мислам дека еден малку поинаков стил на третирање на институцијата, водење и нормално претставување на државата, она што мислам дека досега најпоразително е тоа што се претставуваме како мали, безначајни, со подвиткана кичма. За мене е непростлив правен гаф или свесно заобиколување на Уставот начинот на кој беше потпишан Преспанскиот договор, тоа е надлежност на претседателот. Претседателот треба да си ги врши уставните надлежности и не биде приврзок на владата и послушник. Јас верувам во моќта на човекот, во интегритетот на човекот. Тука имаме власти кои се глуви и слепи секогаш кога ќе седнат на позициите“, изјави неодамна Ванковска во интервју за порталот А1 он.