Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатката за претседателка Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден досега поминува мирно во фер и демократска атмосфера, но нагласуваат дека сепак се случиле некои помали проблеми на изборните места.
Моника Маневска, портпаролка на Ванковска вели дека биле забележани помали проблеми со фингерпринтот на повеќе гласачки места како Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром и др.
Таа рече дека од терен добиваат информации дека во Куманово се правеле редици заради проблемите со фингерпринт, а во некои изборни места гласањето почнало со доцнење.
Исто така беше кажано дека и на овие избори се појавуваат нерегуларности во избирачкиот список па така во некои изборни места има запишано починати гласачи, а во некои гласачи кои се со постојано место на живеење и без промена на адреса ги нема во изборниот список.