Политичката партија Левица потсетува дека на денешниот 5 мај – Ден на македонскиот јазик во 1945 година, народната влада на Народна Република Македонија ја усвоила азбуката на
Во продолжение соопштението на Левица интегрално:
„Левица во својата Изборна програма се залага за ПОСЕБНА ЗАШТИТА НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК преку:
• Посебен закон за задолжителна и проширена употреба на македонскиот јазик и негова институционална заштита преку зајакнати ингеренции на Инспекторатот за употреба на македонскиот јазик, на кодифицираниот литературен и стандарден македонски јазик, како и на неговите дијалекти;
– задолжителна и единствена примена на таблите, печатите, штембилите и меморандумите на државните органи;
Повторно отворање на повеќето лекторати по македонски јазик на странските универзитети ширум светот, како отворање на нови;• Изработка на т.н. дигитален корпус на македонскиот јазик: соодветен дигитален речник, граматика, етимолошки речник, дијалектни речници и сл.;
Владино спонзорирани онлајн – часови по македонски јазик за децата на нашите иселеници во странство;
Задолжителен превод на македонски јазик на сета ТВ и радио програма која оди во етерот, а се емитува на друг јазик различен од македонскиот (од домашни или странски телевизии);
• Владин откуп и ставање на слободно користење на над 100 кирилични фонтови за компјутерско пишување исклучиво на македонска кирилица – која се разликува од бугарската, српската и руската кирилица;
• Задолжително и обврзно користење на кириличното писмо во сите натписи, имиња и логоа на државните органи, јавните институции, здруженијата и фирмите – со цел враќање на приматот на македонскиот јазик, како единствен службен јазик на целата територија на Републиката.
На овој ден од ПП Левица порачуваме:
,,Македонската платформа на Левица го штити македонскиот јазик!”