И покрај постојаните реакциии од страна на граѓаните да се спречи да се градат новите згради во населба Лисиче од Тимчо Муцунски и понатака останува глув и слеп, реагира партијата Левица.
„Иако општината Аеродром при изработка на планот за изградба побарала податоци за гасоводната инфраструктура од Акционерското друштво за вршење на енергетска дејност за пренос на природен гас, од која добила известување дека не смее да се градат згради, односно доколку тоа се прави е потребно да се изврши дислоцирање на цефката за гас Ф-400 со која се поврзуваат и снабдуваат со гас погоните во поранешната фабрика Железара и фабриката Усје. Тимчо и покрај ова продолжува да ги прави нацртите врз главната гасоводна цевка и да соработува со „Голден Арт“, кои во неколку наврати даваат донации кон општината и остануваат во тајност“, тврди Левица.
Според оваа партија,„парцелите каде ќе се градат новите згради се во сопственост на Роберт Јакимовски и Ивица Јакимовски, сопствениците на „Голден Арт”, кои даваат донации кон општината Аеродром и сакаат да се сокријат од јавноста за да си ги вршат главните зделки со Муцунски“.
ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ
Нова инвестиција на компанијата „Костал“ вредна 50 милиони евра, ќе се вработат и 250 рабо...
„Нашите црвени линии ги дефиниравме, не се поместуваме ниту милиметар“ - Мицкоски за устав...
Европол во акција на Балканот уапси 11 шверцери на кокаин
Парите на граѓаните се делат зад затворени врати - Бојковски бара и советниците да ја крој...
ВИДЕО „Голем ризик е спојувањето на безбедносните структури“ - Филипче се сретна со Сиљано...