Двајца македонски државјани ноќеска околу 3:30 часот биле застрелани во Ханиоти, Халкидики, јавуваат грчките медиуми.
Според грчките медиуми станува збор за ликвидација. Според очевидци, маскирани напаѓачи упаднале во изнајмената хотелска соба каде биле сместени жртвите и почнале да пукаат, испукувајќи повеќе од 20 куршуми и избегале од местото.
Набргу потоа непознато лице се јавило на 112 и пријавило дека некој бара помош. Повредените биле пренесени во Здравствениот дом Касандра на Халкидики, каде било констатирано дека 39-годишниот бизнисмен им подлегнал на повредите, додека вториот маж, на возраст од 45 години, е хоспитализиран во болница во Полигрос.
Како што јавува порталот Iefimerida, повикувајќи се на полициски извори, станува збор за Орхаин Баграини (роден 1984 година) кој е починат, додека Сеад Слезовиќ (1978) е повреден. Двајцата бизнисмени биле активни во Македонија, имале казино, како и фабрика за пијалоци, а во моментот биле во посета на Халкидики.
Всушност, денеска напладне двајцата бизнисмени требало да се одјават од хотелот, велат извори на медиумот.
Прелиминарна истрага врши Полициско одделение Полигирос.