„Лошите вести ни ги кажаа утрово“ – почина кралот на ромската музика, Ферус Мустафов

Музичарот Ферус Мустафов, кој беше познат како кралот на ромската музика, синоќа почина по кусо боледување.

Веста за неговата смрт ја потврдила сопругата Јелена во разговор за „ММС“, која откри дека погребот ќе биде во Штип.

„Починал минатата ноќ, а лошите вести ни ги кажаа утрово. Скршени сме од болка, сите се надевавме дека ќе оздрави. Пред некој ден ни кажаа дека е подобар и затоа се надевавме дека ќе биде сè во ред“, откри неговата сопруга.

Advertisements

Ферус имаше мозочен удар на 26 април и заврши во болница, но докторите не успеаа да му го спасат животот.