Македонија дише најзагаден воздух во Европа – истражување на Гардијан

Околу 98 отсто од европските граѓани дишат отровен, многу штетен загаден воздух, кој е поврзан со околу 400.000 смртни случаи годишно, а Северна Македонија е најтешко погодена, покажа истражувањето на британскиот дневен весник Гардијан.

Европа се соочува со „тешка криза во јавното здравје“, при што речиси сите на континентот живеат во области со опасни нивоа на загадување на воздухот, се наведува во анализатра на британскиот весник.

Анализата на податоците собрани со помош на најсовремената методологија – вклучувајќи детални сателитски снимки и мерења од повеќе од 1.400 копнени станици за мониторинг – открива страшна слика за загадениот воздух, при што 98 отсто од луѓето живеат во области со високо штетно загадување со ситни честички што ги надминуваат стандардите поставени од Светската здравствена организација. Речиси две третини живеат во области каде што квалитетот на воздухот е повеќе од двојно над одзволеното ниво согласно СЗО.

Најпогодена земја во Европа е Северна Македонија. Речиси две третини од луѓето во земјата живеат во области со повеќе од четири пати повеќе од насоките на СЗО за PM2.5, додека во четири области е откриено дека имаат загаденоста на воздухот е речиси шест пати поголема од препораките, вклучително и во главниот град, Скопје

Advertisements

Планините околу Скопје ги чуваат граѓаните безбедни кога смогот станува погуст, но ги заробуваат и отровите што го прават воздухот меѓу најопасните од сите градови во Европа, пишува британскиот весник Гардијан во текст за загадувањето на воздухот во македонскиот главен град.

Нечистите горива како извор на загадување, заедно со лошото урбанистичко планирање и незгодниот терен со децении го задушуваат главниот град на Северна Македонија. Градот се наоѓа во котлина каде што стари фабрики функционираат покрај домовите и работните места. Во зима, кога луѓето палат печки со отпадно дрво и ѓубре, се крева топол воздух кон небото, кој се сретнува со студениот и тежок планински воздух и го формира капакот што го задржува загадувањето и маглата во самата котлина.

Новинарот во текстот потсетува на студија од 2018 година која покажала дека воздухот во Скопје е толку загаден што жителите умираат во просек две до три години порано.

Ако ја достигне построгата граница од 10 микрограми на метар кубен ПМ-2,5 честички во воздухот што е пропишана од Светската здравствена организација, која во меѓувреме и ја намали ваквата граница на 5 микрограми на метар кубен, градот ќе ги преполови болничките посети поради болести на срцето и белите дробови, пишува Гардијан.

Медиумот ги пренесува стравувањата на жителите на Скопје, кои велат дека не се плашат само за сопственото, туку и за здравјето на нивните семејства и пријатели.

„За некои жители, лошиот воздух е дополнителна причина да ја напуштат земјата, заедно со ниските плати и корупцијата кои го поттикнаа одливот на мозоци во ЕУ“, се вели во текстот на „Гардијан“.

Две-третини од жителите на Скопје горат дрва, често користат нискоквалитетно гориво во неефикасни печки или пак палат ѓубре кога не можат да си дозволат друго затоплување, пишува новинарот на „Гардијан“ во текстот кој целосно може да се прочита на овој линк.