Македонија тагува за големиот спортист и хуманист – беше светски рекордер и амбасадор на државата

Утрово почина македонскиот спортис и хуманист Емил Илиќ. Тажна вест ја соопшти неговиот брат

Емил Илиќ е спортистот кој во 2007 година се стекна со титулата светски рекордер во пешачки маратон, издадена од Академијата за светски рекордери од Лондон, Велика Британија.

Advertisements

Беше познат и по тоа што е првиот човек кој со тренерки и македонско знаме влегол во зградата на НАТО.

Во Рим тој се сретна и со папата Франциск.

Илиќ достоинствено не преставуваше  ширум светот и беше добитник на многу награди и признанија.

Во 2016-та година познатиот спортист, хуманист и светски рекордер Емил Илиќ, придружуван од тројца млади маратонци, го заврши пешачкиот маратон во должина од 268 километри, што се реализираше по повод 25-годишниот јубилеј од независноста на Република Македонија.