Македонија воздржана во ОН за прекин на огнот во Газа

Генералното собрание на ОН со големо мнозинство повика на „итно, трајно и одржливо хуманитарно примирје“ меѓу Израел и Хамас и побара непречен пристап на помош до опколениот Појас Газа.

Предлогот подготвен од Јордан не е обврзувачки, но има политичка тежина, одразувајќи го степенот до кој САД и Израел се меѓународно изолирани додека Израел ги засилува своите копнени операции.
Во резолуцијата не се наведува името на Хамас, кој држи околу 220 цивилни заложници кои беа запленети за време на разорните напади на 7 октомври. Но, таа повикува на „итно и безусловно ослободување“ на сите цивили кои се незаконски заробени и бара нивна безбедност и хуман третман и ги осудува нападите и врз палестинските и израелските цивили.

Донесена е со 120 гласа „за“, додека 45 беа воздржани, а 14 гласаа против, вклучувајќи ги Израел и САД. Македонија гласаше воздржано. Против оваа резолуција од Европа гласаа Австрија, Чешка, Хрватска и Унгарија.

Advertisements

Министерот за надворешни работи на Израел Ели Коен ја нарече „одвратна“ резолуција усвоена од Генералното собрание на ОН и ја осуди.