(ФОТО) Македонската претседателка побара од Италија гаранции за евроинеграциите – Силјановска Давкова се сретна со Матарела

Претседателката Гордана Силјановска Давкова денеска во Рим на средбата со нејзиниот италијански колега Серџо Матарела побарала гаранции за европската иднина на државата, јави МИА.

– Побарав од италијанскиот претседател и од Италија на натамошниот пат да помогнат околу давање гаранции за нашата европска политичка иднина, на што тој одговори дека е подготвен да застане зад нас се разира и во барањето на решенија со соседите, изјави Силјановска Давкова по средбата со Матарела.

Како што јави известувачот на МИА од Рим, таа средба ја оцени како плодна и конструктивна. На неа разговарале за сестраната соработка во период од 30 години, не само со нас, туку и со целиот регион на Западен Балкан.

Advertisements

-Претседателот рече дека Италија ќе продолжи да го поддржува регионот, да не поддржува нас, во секој поглед, не само во евроинтеграциите, туку и во економијата, обраозванието, културата, одбраната, па и италијанското и нашето членство во меѓународни организации, рече Силјановска Давкова.

Таа истакна дека на средбата ја импресионирало тоа што Матарела покажал длабоко разбирање за направените жртви на земјава во процесот на евроитеграциите.

-Напомена дека во моментов не може да зборуваме дека има големи и мали држави во ЕУ, дека сите се мали и дека сите имаат потреба едни од други. Постигнавме согласност дека европските стандарди треба да се почитуваат од сите и од оние надвор, како од оние што се внатре, рече Сиљановска Давкова.

Со средбата со Матарела таа го завршува официјалниот дел на посетата на Рим и Ватикан во рамки на честувањето на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, на која беше на аудиенција кај папата Франциск, а денеска присуствуваше на молебен на гробот на Свети Кирил во базиликата „Свети Климент“, а потоа положи венец пред спомен-плочата на македонски јазик во базиликата „Санта Марија Маџоре“.

Ова е прва официјална посета во странство на претседателката Силјановска Давкова, по победата на претседателските избори на 8 мај.

Фото: Кабинет на претседател