Македонски ергени бараат жени во странство – телевизијата на владиката Петар ја отвори програмата со документарец

Утрово почна да работи телевизијата Вистел на владиката Петар, а меѓу првите емисии кои почнаа да се емитуваат е документарец со Македонеци кои патуваат во Русија да бараат жени. Во еден дел од филмот се појавува и Владиката Петар, во сцена од црква.

Владиката Петар е познат поддржувач на иницијативите Македонци во делови од Македонија каде што има повеќе мажи од жени поради што остануваат неоженети да си ја побараат среќата со христијанки од другите православни земји каде што има поголема женска популација отколку машки.

„Мајка ми и татко ми се доста стари, потребна ми е жена со која ќе можам понатаму во животот да не бидам сам, да бидам среќен, да имам со кого да споделувам и тешки и радосни моменти. Ако е среќата да се најде жена што ќе ме почитува и јас ќе ја почитувам и да имаме среќен живот“, изјави соговорник во   документарецот.

Advertisements