Македонски концепт бара одговорност: Oсмани се однесува како министер на Косово, свесно ја внесува Македонија во српско – косовскиот судир

Партијата Македонски концеп најостро ги осудува низата обиди на т.н. министер за надворешни работи на Македонија Бујар Османи, со кои дирекно и свесно ја внесува Македонија во српско – косовскиот судир, што е дел од руското сценарио за дестабилизација на Балкан и јужното крило на НАТО.

„Бујар Османи повеќе се однесува како министер на Косово или на Русија отколку како министер на Македонија, земја членка на НАТО. Со последната изјава дека Србија треба нешто да докажува на Косово, во спротивно Македонија треба да преземе непријателски дејства кон своите соседи, тој дирекно придонесува кон дестабилизација на нашиот регион, особено го помага Косово во очајните обиди за извоз на тероризам и етнички шовинизам кон сите соседи.

Ова особено од аспект што истиот човек претседава со ОБСЕ, но не во име на ДУИ или на Косово или учк, туку во име на Македонија и сите нас македонските граѓани, што дава дополнителна тежина на неговата злоупотреба на службена положба и овластувања, што е кривично дело и за истото треба да одговара пред правосудниот систем на Македонија, не на Косово“, вели Македонски концепт.

Advertisements

Проектот Отворен Балкан, според Македонски концепт е промашена инвестиција и ,како што вели партијата, уште на почетокот на истиот и навреме реагирале во таа насока.

Но вмешување на Македонија во странски судири, особено помеѓу нашите соседи, е дирекно работење против мирот и стабилноста и против македонските национални интереси, се вели во денешното соопштение на Македонски концепт.