Македонските граѓани кои беа во близина на пукањето во Косово се враќаат во Македонија

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска соопшти дека седумте македонски државјани кои вчера беа во хотел во близина на вооруженениот инцидент во Косово се тргати за Македонија.

По извршените разговори и анализа од страна на косовската полиција, македонските државјани се упатиле назад кон земјава.

-Во текот на вчерашниот ден косовската полиција беше веднаш соодветно известена за оваа ситуација по редовните канали, а јас лично разговарав и со мојата колешка Доника Гервала – Шварц. Низ целиот процес, косовските служби ја гарантираа безбедноста на нашите државјани, а нашата амбасада во Приштина беше во постојан контакт со нив, информира Османи.

Advertisements