„Малечката плаче и го бара секој ден“ – очај и агонија во семејството на исчезнатиот Самоил

Помина повеќе од еден месец, но уште нема ни трага ни глас од 26-годишниот Самоил Костадиновски, внук на Љубе Бошкоски. Ниту паричната награда што неговото семејство ја понуди за информации не им донесе добра вест за Самоил.

Неговата сопруга и татко му за телевизија Канал 5 раскажуваат оти надеж дека не му се случило најстрашното имаат, но незадоволни се од надлежните, чија истрага, како што велат, како да пропаѓа во жив песок.

Сопругата на Самоил, која е бремена, низ солзи раскажува дека се моли и посакува тој за Велигден да си дојде дома, жив и здрав, а нејзината тригодишна ќерка, на прозорец го чека татко ѝ секој ден.

Advertisements

„Само да го вратат, значи, побрзо да се врати дома. Што и да се случило, има решение за се. Малечката го бара секој ден, секој ден плаче…Јас на себе не можат да си објаснам дека го нема, или дека нешто се случило, а не на дете од три години да му објаснам. Значи, кои и да сте, да се врати здрав и жив, за се има решение, се може да се реши. И парична награда се нуди, само да дознаеме дека е жив. Месец дена живееме во агонија, ниту знаеме дека е жив, ниту пак имаме информации за него“, вели сопругата на Самоил.