Малолетници силувале врсник во Скопје, го снимиле грозоморниот чин и го споделувале

Министерството за внатрешни работи информира дека синоќа околу 22.43 часот во Полициската станица Бит Пазар, 39-годишна жена од Скопје пријавила дека на 21.04.2023 двајца малолетници со закана извршиле полово дејствие врз нејзиниот малолетен син.

Според пријавата, малолетниците ја снимале жртвата, а видеото го споделиле на неколку лица.

За случајот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.

Advertisements