Малолетно девојче преживеало пекол – жената што ја згрижила ја принудувала на секс за 50 евра, во притвор се деветмина

По голема полициска акција во Тетово, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција информира дека дветмина осомничени кои сториле кривично дело „трговија со дете“ добија притвор во траење од 30 дена.

За други двајца дополнително ќе  се одлучува бидејќи едниот осомничен се наоѓал на болничко лекување, а вториот е во бегство.

За кривичното дело што им се става на товар на осомничените и кое директно го крши Протоколот кон Конвенцијата за правата на детото што се однесува на трговија со деца, детска проституција и детска порнографија предвидена е  казна затвор во траење од најмалку 8 години, додека за делото сторено од првоосомничената најмалку 10 години, вели Обвинителството.

Advertisements

„Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на вчерашниот ден припадниците на Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Министерството за внатрешни работи реализираа случај во кој се лишени од слобода 10 лица. Реализацијата е резултат на повеќемесечна меѓуинситуционална соработка заради постоење на основи на сомнение дека е сторено кривично дело „трговија со дете“, извршено од страна на 11 идентификувани лица“, информира Обвинителството.

Јавен обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 11 лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело трговија со дете по чл. 418-г од Кривичниот законик.

Според наводите содржани во диспозитивот на Наредбата за спроведување на истражна постапка летото 2020 година првоосомничената, го прифатила четиринаесетгодишното дете – жртва во својот дом, а подоцна ги прифатила и нејзините десетгодишна сестра и седумгодишен брат за да се грижи за нив поради нарушените односи во нивното семејство.

„Набргу потоа искористувајќи ја состојбата на немоќ и ранливост на детето – жртва, заканувајќи ѝ се и применувајќи други форми на присилба, започнала да го подведува детето на вршење полови дејствија со дел од осомничените и други НН лица за одреден паричен надомест. Честопати заканите кон детето – жртва биле поврзани со нејзините брат и сестра, дека доколку не ги прифати договорените сексуални активности, децата ќе ги остави во дом или ќе ги врати кај нивната мајка“, информира Обвинителството.

Подоцна, уште тројца од осомничените, по претходен договор со првоосомничената, а со цел стекнување за себе противправна имотна корист, две години, искористувајќи ист траен однос и исти прилики, во повеќе наврати, го подведувале детето на вршење полови дејствија по пат на сексуална експлоатација со останатите осомничени и други НН лица меѓу кои имало и жена. Осомничените корисници на сексуалните услуги, иако знаеле дека детето е жртва на трговија со дете, на подведувачите им исплаќале паричен надомест во висина од 50 до 200 евра, се вели во информацијата од Обвинителството.