Маричиќ: Нашето постоење како Македонци не зависи од Џамбаски и Ковачев

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во интервју за новинската агенција „Макфакс“ рече дека секоја провокација го отежнува патот кон ЕУ и завршувањето на обврските, додавајќи дека бугарските клубови сами по себе не се опасност за нашиот идентитет.

„Со Џамбаски и Ковачев сум имал прилика да се судрам во Европскиот парламент и во салата и надвор од неа. Ние никогаш не сме се обидувале да ги убедиме нив дека ние сме Македонци. Нашето постоење како Македонци не зависи од нив, тоа треба сите да го знаеме, не можеме врз основа на нивните лични навреди и провокации, да креираме политика кон ЕУ или Бугарија“, вели Маричиќ.

Advertisements