Маричиќ не е достоен да ги троши парите на граѓаните – Мицкоски бара оставка

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ откако изјави дека законските измени поврзани со изградбата на коридорите се поднесени во Собранието со европско знаменце иако не се однесуваат на хармонизација со законодавството на Унијата.

„После таа изјава, треба тој човек веднаш да си поднесе оставка и да замине, бидејќи не е достоен за таа позиција која што ја обавува во овој момент и парите кои што ги троши на граѓаните, односно даночните обврзници во Македонија, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски запрашан за став за вчерашната изјава на вицепремиерот задолжен за европски прашања.

Мицкоски истакна дека Маричиќ е поставен на таа функција за да ги почитува законите и процедурите, а тој пак, јавно признава дека поддржува кршење, за што еден ден, кој што е се поблиску, ќе одговара за тоа.

Advertisements

Второ нешто што покажа и докажа, додаде Мицкоски, дека „проектот за изградба на дел од коридорите 8 и 10Д, кој што силно го форсираат владата на ДУИ поддржана од помалиот коалиционен партнер, СДСМ не претставува ништо друго освен еден голем криминален епски потфат на оваа влада“.

„Како прво, тој таму е поставен за да ги почитува законите и процедурите и тоа е многу важно. А, тој пак, јавно признава дека поддржува кршење на процедурите и треба да е свесен дека еден ден, а тој ден е се поблиску, ќе има и одговорност за таквото однесување. И второ, покажа и докажа дека проектот за изградба на дел од коридорите 8 и 10Д, кој што силно го форсираат владата на ДУИ поддржана од помалиот коалиционен партнер, СДСМ не претставува ништо друго освен еден голем криминален епски потфат на оваа влада. А, соучесник во тој опфат е вицепремиерот кој што би требало да биде задолжен за евроинтеграции на Македонија и се потврдува тезата дека тие го користат или, да бидам попрецизен, го злоупотребуваат името на Европската Унија само кога треба да крадат. Кога треба нешто да се сработи и да се почитуваат законите, можам да кажам дека тие ни од далеку не се достојни на европските вредности и на тоа што треба да значи Европа за граѓаните во Македонија“, рече Мицкоски.

Мицкоски уште еднаш предупреди дека ваквото признавање на отворена сцена дека ќе се одобрува кршење на процедури, кршење на закони, еден ден, а тој ден е се поблиску, подразбира и одговорност.