Маричиќ тврди дека ни бакнежи ни намигнувања, ништо не ѝ праќал на пратеничката Стојановска

Најостро ги демантирам недостојните и ниски лаги на пратеничката Дафина Стојаноска. Со пратеничката ниту сум имал каква било комуникација ниту сум ѝ испратил каква било вербална или гестикулативна порака. Ништо од тоа, вели вицепремиерот Бојан Маричиќ, откако пратеничката Дафина Стојановска денеска од говорницата во Собранието на седница за пратенички прашања го обвини Маричиќ дека и испраќал цинични бакнежи и намигнувања.

„Дафина Стојаноска денеска им нанесе срам на сите пратеници, на цел парламент и пред сѐ на нејзината партија. Сепак, најголемиот срам си го нанесе себеси. Македонските граѓани заслужуваат достојно однесување од своите избраници, а не срамни потези за евтини и партиски манипулации. Достојноста на македонскиот парламент е многу поважна од личните и партиски интереси на Дафина Стојаноска и од нервозата и безидејноста која владее во нејзиниот табор“, вели министерот Маричиќ во својата реакција.