Жители од охридски села и од ресенско се жалат дека мечка со мече им прави штети на пчеларите, јави ТВ Алсат.
Биле уништени неколку пчеларници.
На само двеста метри од магистралниот пат Охрид – Св. Наум, на просторот од населбите Горно Коњско до Горица уништени се повеќе од 200 кошници. Првпат мечката се појавила во март.
„Повторно влезе на трети април. Досега има уништено 12 пчелни семејства. Сега е развојот на пчелните друштва и помалку има мед, а повеќе има пчелно легло, ларви, млади пчели и полен. Веројатно имаат потреба од протеини и тоа го користат како храна. Нејзиното присуство со помало мече, таа е поагресивна и е поопасна, доколку сретне луѓе или деца“, изјави Благоја Алач, сопственик на пчеларник за Алсат.