Мед од Бекирлија за Штајнмаер, подарок од пчелите и за Атиџе

Германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер кој престојува во земјава и неговиот македонски домаќин, Стево Пендаровски во Националната галерија Чифте амам во Старата Чаршија се сретнаа со тимот на „Медена земја“ и погледнаа инсерти од филмот.

Штајнмаер се запона и со Атиџе Муратова, хероината на „Медена земја“, пчеларка од селото Бекирлија и си разменија тегли со мед.

Муратова му подари тегла од својот мед на германскиот претседател, кој, пак исто така и подари тегла мед од негово производство од замокот Берлин.

Advertisements

Документарецот „Медена земја“ освои многу награди на европските и американските филмски фестивали.

Беше единствениот филм на фестивалот „Санденс“ во 2019 со освоени три награди, а беше номиниран на 92-та церемонија на Оскарите во категориите за најдобар интернационален филм и за најдобар документарен филм.