Меџити: Гласав за оваа Влада само поради Ахмети

Потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити, во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека пред две години гласал за оваа Влада само поради Али Ахмети. Според него, извршната власт на ДУИ го нема легитимитетот од граѓаните.

„Оваа влада е формирана пред две години и оттогаш ги искажувам моите критики за оваа извршна власт и јавно пред собранието кажав дека ќе гласам за оваа влада само поради Али Ахмети и поради европските интеграции. Во принцип јас бев против, гласовите на терен се собрани со Али Ахмети, и оваа извршна власт не се соочуваше со граѓаните, значи нема легитимитет кај граѓанините. Исто така, оваа извршна власт ги нема поминато филтрите на партиските органи, односно во генералниот совет“, рече Меџити.

Advertisements