Мицкоски бара соочување: Ковачевски е кукавица и домазет, се плаши од избори, од ТВ дуел

Јасно е дека Ковачевски е киднапиран домазет во својата Влада, се плаши да оди на избори, се плаши да излезе на ТВ дуел, и таква е ова политичка матрица на овие луѓе, одговори лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната неговата посета во Ваташа каде присуствуваше на одбележувањето на 80 години од стрелањето на 12 ваташки младинци на новинарско прашање дали има одговор од премиерот Ковачевски за дебата.

„Човекот е кукавица, човекот е киднапиран домазет во својата Влада, се плаши да оди на избори, се плаши да излезе на ТВ дуел, таква е ова политичка матрица на овие луѓе. Освен тоа што уште некое време ќе бидат таму каде што се, јас не очекувам било каква креативност, еднаш кукавица, цел живот кукавица. За да нема вака кажавме така кажавме, средба на тимови, средба на лидери, еве јавно пред македонската јавност, очи во очи да си кажеме тоа што сакаме па народот нека суди и нека пресудува, вели Мицкоски.