Мицкоски доби нови комплименти: Браво, тој е пример за едноставност и нормалност

Шпанскиот амбасадор во Македонија, Рафаел Соријано Ортиз, на социјалните мрежи, изрази воодушевување откако вчераутро, при патување од Скопскиот аеродром, забележал дека премиерот Христијан Мицкоски ги минува сите аеродромски формалности како и сите други патници.

Ортиз, кој чекал во редот за лет до Истанбул, сведочи како премиерот на Македонија без никакви привилегии ја поминал контролата, чекал ред за чекирање и ги почитувал сите процедури како другите патници.

Во објава на социјалната мрежа Х, шпанскиот амбасадор го посочи овој момент како пример за едноставност и нормалност во однесувањето на високите функционери.

Advertisements

– Утрово фатив лет за Истанбул. Во редот за туристичко пријавување го сретнав премиерот Христијан Мицкоски, кој ги помина формалностите, вклучително и соодветните контроли, како и секој друг патник. Пример за едноставност и нормалност. Браво! – напиша вчера амбасадорот.