Дневната заштеда на граѓаните благодарение на владината мерка за намалување на цените на горивата надминува 200, објави 4news.mk 000 евра, додека неделно се очекува да достигне околу 1,5 милион евра, истакна премиерот Христијан Мицкоски.
„Состојбата ја следиме внимателно, имаме уште неколку мерки, но граѓаните и бизнисот можат да бидат спокојни“, нагласи Мицкоски по повод пуштањето во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“ во Тетово.
Премиерот посочи дека во Македонија моментно се забележува убедливо најниска цена на дизел и безоловно гориво во споредба со соседните држави, а потрошувачката се зголемила за околу 150.000 литри на ден. Дел од граѓаните од соседните земји, како што истакна, го користат можноста за полнење гориво на македонските бензински пумпи, со најголем притисок на западната, јужната и северната граница.
Мицкоски објасни дека Владата презема поробусна интервенција за да се спречи драматично поскапување на горивата, кое би се одразило на стандардот на граѓаните. – „Со намалувањето на цените за околу 6,5 – 7 денари за литар веднаш се почувствува заштеда кај граѓаните, а снабдувањето со нафта и нафтени деривати е стабилно“, рече тој.



