Мицкоски и Филипче се договорија заедно да работат на реформи во правосудството, енергетиката и здравството

Заврши средбата меѓу премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче.

Во изјавата по средбата Филипче оцени дека разговорот бил конструктивен како и дека тие се договориле да бидат формирани работни групи кои ќе работат на реформската агенда во делот на правосудството, енергетиката и здравството.

„Начелно договоривме дека ќе работиме на начинот да формираме заеднички тела или работни групи во делот пред се на спроведување на реформската агенда. Значи првичните закони кои што треба да стигнат во Собранието во делот на правосудството, нешто што ги тангира сите, понатаму енергетиката и некои работи во однос на стратешките движења и проекти во здравството“, вели Филипче.

Мицкоски на социјалните медуми кусо напиша дека се разговара за актуелните случувања:

-Средба каде разговараме за актуелните случувања, и од која сакам да се знае дека одговорност, мудрост и чесност и се повеќе од потребни на Македонија, вели Мицкоски.