Мицкоски: Никој нема мандат за промена на Уставот, потребни се предвремени избори

Предвремените избори се единствениот начин граѓаните да кажат што мислат и како мислат дека Македонија треба да се движи, никој нема мандат за промена на Уставот, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за српска „Политика“.

„Во Македонија на последните избори никој не доби мандат за промена на Уставот – ниту една партија не го претстави ова во својата програма. Затоа сметам дека предвремените избори се единствениот начин граѓаните да кажат што мислат и како мислат дека Македонија треба да се движи во наредниот период. Би додал дека според последното истражување на јавното мислење, околу 60 отсто од луѓето не се задоволни од работата на владата и нејзините политики. Не се задоволни од економијата, владеењето на правото и исполнувањето на европските критериуми. Ова е дотолку повеќе што треба да имаме избори за одлучување за нова влада, која ќе добие мандат од граѓаните да решава проблеми и предизвици. Во спротивно, Македонија губи време. Доколку не се одржат изборите, ние како држава нема да видиме ништо поразлично од она што го гледаме последните пет-шест години додека оваа влада на СДСМ ја води државата. Затоа треба да имаме избори, нов мандат, нова влада и јасна насока на државата кон посигурна иднина“, вели Мицкоски во одговор на прашање за тоа зошто не се согласувате со промена на Уставот и бара вонредни парламентарни избори.

Advertisements