Мицкоски: Раководството на ДУИ е длабоко вплеткано во криминал, одат по споменици, а се возат со „ролс ројс“

Јас сум убеден и очекувам следните избори ДУИ да бидат многу непријатно изненадени од бројот на освоени гласови и пратеници во македонскиот парламент, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Република.

ВМРО-ДПМНЕ, вели Мицкоски,  ќе и даде шанса на така наречената албанска опозиција.

„Ова раководство на ДУИ и дел од луѓето кои се дел од него се сериозно според индициите и информациите кои ги имаме, длабоко вплеткани во криминал.  Нашата посакувана опција е таканаречената албанска опозиција. Видовме пред некој ден окрупнување околу таа опозиција“, рече Мицкоски.

Advertisements

Тој нагласува дека треба да им се даде шанса на ДУИ да поминат во опозиција одреден период да се освежи со нови идеи, бидејќи сега се конфузни и испраќаат лоша порака.

„Гледате како од онаа зелена агенда почнаа до обединета Албанија. Водат политика од денес за утре.  Додека одат од еден на друг споменик се возат во ролс ројс, мајбах, купуваат мултимилионски имоти. Пораката не е добра“, изјави Мицкоски.