Мицкоски: Во ФЗО работат неспособни директори од СДСМ и ДУИ

Во јавноста две работи се важни да се кажат, првиот, дека здравствените работници не добиваат редовно плата, вториот факт, е дека нешто не е во ред со ФЗО, односно дека Фондот нема пристап до податоците на осигурениците, зошто е тоа така не знам. Дали е хакерски напад, дали е не знам каков нападат, дали е нешто трето или итн, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за крахот на системот во Фондот за здравствено осигурување.

За што станува збор, рече Мицкоски, не знам и јас не би можел сега од оваа призма да кажам. Но, додаде тој, знам едно дека таму работат неспособни директори кои никој не ги повика на одговорност и од ДУИ и од СДСМ.

Advertisements

„Заштитени се и наместо обвинителството да се позанимава со овој случај, обвинителството бега како ѓавол од темјан од целата оваа работа“, посочи Мицкоски.