Миле Јанакиески е слободен од 17 јуни, апелациските судии ја прифатија и жалбата на Мијалков

Миле Јанакиески на 17 јуни излегува на слобода откако Апелацискиот суд ја прифати неговата жалба за условен отпуст.

Како што велат од скопскиот Апелациски суд Кривичен совет на судот донел решение со кое жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција се одбива како неоснована, додека жалбата на осудениот М.Ј, од Скопје, изјавена преку неговиот бранител, со која се бара условен отпуст, се уважува.

„Согласно донесеното решение на Апелациониот суд – Скопје, одлуката за условен отпуст е преиначена и условниот отпуст за осудениот М.Ј. наместо, како што гласеше првичната одлука, да започне на 16.01.2025 година, ќе започне на 17.06.2024 година, но под услов до истекот на условниот отпуст обвинетиот да не стори ново кривично дело“, се вели во соопштението од Апелација.

Advertisements

Јанакиески во февруари 2022 година призна вина за случајот за изборни нерегуларности „Титаник“ за што првостепено беше осуден на четири години и шест месеци затвор, по што Апелација во јуни минатата година му ја намали казната на три години и шест месеци.

Апелациониот суд Скопје информира и дека ја прифатил и жалбата на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, и го врати предметот пред Кривичен, за тој повторно да одлучи за барањето за условен отпуст на Мијалков.

„Апелациониот суд Скопје постапувајќи по жалба на осудениот С.М., од С., а изјавена преку Казнено-поправниот дом од отворен вид – Струга, донесе решение со кое жалбата се уважува, а предметот се укинува и се враќа на повторно постапување и одлучување пред првостепениот суд“, велат од Апелационен суд Скопје.

Уважувањето на жалбата на осудениот Сашо Мијалков доаѓа откако претходно предлогот на директорот на Казнено-поправниот дом Струга за условен отпуст на осудениот беше одбиен како неоснован.

„Согласно донесеното решение на Апелациониот суд – Скопје како недозволена ја отфрли жалбата на директорот на Казнено-поправниот дом од отворен вид – Струга“, дополнуваат од Апелација.

Мијалков издржува казна во затворот во Струга, откако по признанието на вина беше осуден на три години затвор во предметот „Империја