Миликијe Халими, екс градоначалничката на Арачиново се огласи на социјалните межи откако стана директорка на акционерското друштво АД „Аеродроми“.
„Ја споделувам со вас веста за именувањето на генерален директор на државното акционерско друштво „Аеродром“ на РСМ. И благодарам на партијата СДСМ за довербата во управувањето со оваа институција. Ќе работиме и ќе се фокусираме на интегрирање и склопување на системи на оваа институција со фокус на зголемување на квалитетот на услугите до сите корисници како и зголемување на ефикасноста и ефективноста на работењето на институцијата воопшто!“, објави новата директорка на Фејсбук.
Таа дојде на местото на досегашниот прв човек Трајче Ангеловски, а со одлука на Надзорниот одбор.
Порталот Експрес објави дека до Надзорниот одбор на „АД Аеродроми“ пристигнала препорака без образложение, дека Ангеловски треба да се разраши и да се назначи Халими.
Претходно, откако не доби втор градоначалнички мандат бившата градоначалничка на Арачиново стана инспекторка во Царина за да гони економски криминал.
Тогаш имаше бура од реакции дека Халими не е квалификувана за работна позиција и не може да биде инспекторка со средно медицинско училиште, но еве таа сега е поставена на раководна функција.