Милков: Се надевам дека Македонија ќе се вразуми и ќе ги внесе Бугарите во Уставот

Македонија нема рокови за спроведување на барањата во францускиот предлог кој беше услов Европската унија да ни даде зелено светло за скрининг процесот кој ќе трае до крајот на оваа година, рече министерот за надворешни работи на Бугарија во интервју за Бугарската национална телевизија БНТ, Николај Милков. Т

Тој потенцираше дека кога Македонија ќе го исполни францускиот предлог, односно ќе ги внесе Бугарите во Уставот, тогаш ќе се отвори и првата фаза од преговарачкиот процес.

„Се надевам дека ќе се вразумат и ќе размислуваат за за европската перспектива. Топката е на нивен терен. Немаат рок за спроведување на францускиот предлог. Кога ќе го исполнат, тогаш ќе се отвори првата фаза од преговарачкиот процес“, изјави Милков.

Advertisements

Милков оценува дека постои зголемување на тензиите во односите меѓу двете земји поради различните дејствија кои биле непријателски во однос на она што било договорено. Според него, во Македонија постојат случаи во кои македонските Бугари се репресирани. На таквите граѓани Бугарија е подготвена да им помогне со помош при поднесувањето на жалбите до домашните и европските судови.