Милошоски бара фер трка во Судскиот совет – Дамева да поднесе оставка, нејзиниот избор е неуставен и дискриминирачки!

Претседателката Весна Дамева треба да се повлече од функцијата претседател на Судскиот совет после одлуката на Уставниот суд за укинување на чл.8 ст.3 од Законот за Судскиот совет бидејќи на таа позиција е избрана на основ на неуставна дискриминирачка норма, рече пратеникот Антонио Милошоски на собраниска седница.

Тој ѝ се обрати на актуелната претседателка и ја повика да поднесе оставка по одлуката на уставните судии.

„Дали сте подготвена заради одлуката на Уставниот суд која е опишана како дискриминирачка и неуставна да поднесете оставка и да овозможите фер трка, секој член да може да се кандидира во Судскиот совет. Зошто за Судскиот совет да не може да се кандидира Мирјана Стефкова, а можела само Весна Дамева “, праша Милошоски.

Advertisements

Пратеникот порача дека мора да се почитува одлуката на Уставниот суд.